Прилеп е градот во Македонија сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина , во југозападниот дел на Република Македонија . До него се стигнува преку магистралниот пат М-5. Има 69.704 жители , и се наоѓа на 128 километри југозападно од главниот град Скопје . Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули “ поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко во Прилеп се нарекуван Крале Марко.
Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самoиловата војска во Беласичката борба 1014 година, кога ги видел своите ослепени војници, цар Самоил починал од срцев удар. По смртта на Самоил градот потпаднал под византиска власт. Во 1041 година византискиот император Михаил IV Пафлагонецот го задушил востанието на Петар Делјан , а локалниот војвода Мануил Ивац се обидел да ја запре византиската војска кај прилепскиот Плетвар со дрвена палисада, но без успех.