Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од
раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски
град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самoиловата војска
во Беласичката борба 1014 година, кога ги видел
своите ослепени војници, цар Самоил починал од срцев удар. По смртта на
Самоил градот потпаднал под византиска власт. Во 1041 година византискиот
император Михаил IV Пафлагонецот го
задушил востанието на Петар Делјан, а
локалниот војвода Мануил Ивац се обидел да ја запре византиската војска кај
прилепскиот Плетвар со дрвена палисада, но без успех.
Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името на градот Прилеп. Според едно предание на Марко Цепенков. луѓето кои почнале да се доселуваат, своите куќи ги граделе прилепени до калето на Марко, па поради прилепените куќи и градот го добил името Прилеп. Во истото предание се споменува дека градот бил прилебно место каде што се правело леб. Според некои истражувачи името има старословенско потекло со значење блатно, мочурливо место, место покрај блато. Според Блаже Конески името Прилеп е образувано од личните имиња Прилепа и Прилепка, кои се зачувани во руската антропонимија.
Comments
Post a Comment