Прилеп е градот во Македонија
сместен во северниот дел на Пелагониската
Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија. До него се стигнува преку
магистралниот пат М-5. Има 69.704 жители, и се
наоѓа на 128 километри југозападно од главниот град Скопје. Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до
кулите на легендарниот херој Крали Марко во
Прилеп се нарекуван Крале Марко.
Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името на градот Прилеп. Според едно предание на Марко Цепенков. луѓето кои почнале да се доселуваат, своите куќи ги граделе прилепени до калето на Марко, па поради прилепените куќи и градот го добил името Прилеп. Во истото предание се споменува дека градот бил прилебно место каде што се правело леб. Според некои истражувачи името има старословенско потекло со значење блатно, мочурливо место, место покрај блато. Според Блаже Конески името Прилеп е образувано од личните имиња Прилепа и Прилепка, кои се зачувани во руската антропонимија.
Comments
Post a Comment